Милошоски: Секој опонент на кланот Заеви се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет

Обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон  неистомислениците, прокоментира на својот фејсбук профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, откако денеска беше соопштено дека Основното јавно обвинителство –  Скопје поднесело обвинение за случајот „Моќник“, во кое обвинети се сите 13 лица што беа опфатени во истрагата, меѓу кои и тој.

„Секој опонент на политиката на кланот Заеви кој ги разоткрива аферите на нивното крими-владеење, без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет, со цел да биде заплашен, а политичките прогони служат како параван зад кој ќе се кријат актуелните рекети, афери и организиран криминал на власта. Но, се ќе има свој крај, вклучително и политичката злоупотребата на обвинители и судии од страна на власта на Заев“, напиша Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.