Милошоски: Сите честитки на ромски јазик од МВР Спасовски биле само предизборна хипокризија

Хибриден режим е и кога полицијата грубо ги крши човековите права на граѓаните, особено на Ромите, со брутално тепање по улици!, реагира пратеникот Антонио Милошоски за двете видеа кои кружат по социјалните мрежи, а на кои полициски службеници се пресметуваат со граѓани.

-Сите честитки на ромски јазик од МВР Спасовски сега испаѓа дека биле само предизборна хипокризија, накитена со пакет прехрамбени производи, кон оние кои денес се реални жртви на полициското насилство, коментира Милошоски.