Милошоски: Скандалозно е што и по две години немаме амбасадори во Вашингтон и Отава

-Македонија праќа многу потценувачка политичка порака кон многу битни земји во светот, кои се и наши пријателски земји со тоа што во истите земји долги години нема амбасадори, смета пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошски.

Според Милошски, скандалозно е што и по две години немаме амбасадори во Вашингтон и Отава, двете клучни НАТО членки, со голема македонска дијаспора.

Околу три години сме без амбасадори и во срцето на дипломатијата како Обединетите Нации, а празни се и амбасадите во Москва, Пекинг, Њу Делхи и Рим. Дури четири години сме без амбасадори во пријателска Хрватска и во Египет, која е нашата единствена амбасада на африканскиот континент. Со Бугарија имаме битни политички прашања, но и економски интереси, но немаме амбасадор. Празни се за жал и амбасадите и во Белгија, Турција и Бразил, единствената македонска амбасада во Јужна Америка. За односот на Македонија кон Израел говори за жал и три години празната амбасада во Тел Авив, вели Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.