Милошоски: Со Меџити, Министерството за здравство станува министерство за градежништво-Тафталиџе 2, на поле на медицината тој е тотален анонимус

-Ќе зборам повеќе за Министерството за здравство, односно министерство за градежништво-Тафталиџе 2. Генерално, така се од прилика распоредени кадрите во здравството. Предлог за здравство е докторот Фатмир Меџити, кој ако пробате да просурфате на интернет на „Гугл“ или било која друга платформа ќе видите дека во медицинската фела е тотален анонимус. Нема никакви стручни трудови, нема никакви научни трудови, нема никакви поголеми проекти што ги има направено во здравството. А, имал прилики бидејќи бил најдоверливиот советник на министерот за здравство во 2017-тата година на тогашниот министер г. Таравари, истакна пратеникот Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница.

Тој рече дека, тоа колку се блиски Таравари и предложениот Меџити, покажува и податокот дека во 2017-тата година Фатмир Меџити станува претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. И тогаш беспрекорно тогаш функционирал тандемот Таравари – Меџити.

„Дискусиите предничеле со фаворитите Фатмир Меџити и Ден Дончев, и секогаш биле донесувани позитивни одлуки за повеќе пари во приватните клиники. А, тоа наведува на сомнеж дека ваквиот голем интерес за зголемување на средствата за приватните клиники веројатно е поврзан и со некоја добивка кај господата Ден Дончев и Фатмир Меџити“, рече Милошоски.

Тој додаде дека во еден од записниците од 2017-та година може да се види дека еден од тогашните раководители на ФЗОМ, Рамадани, како приоритет се обидува да им објасни на директорот Ден Дончев и на Фатмир Меџити дека во изминатите неколку месеци Фондот го напуштиле 7 информатичари инженери и со тоа се наоѓа во незавидна позиција како институција која располага со многу податоци. Но, тоа воопшто не било приоритет ниту за Фатмир Меџити, а помалку за Ден Дончев, за нив било приоритет како да се обезбедат повеќе средства за клиниката „Жан Митрев“ и за другите приватни клиники.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.