Милошоски: Власта го крие договорот за коридорите поради високата корупција која ја има во него

Криењето на договорот има причина, причината е големата корупција содржана во договорот потпишан од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми надвор од нивна надлежност и на штета на Република Македонија, Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата на гостувањето во емисијата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа.

„Доколку би го покажале стручната јавност многу лесно ќе може да ги увиди клаузулите каде е скриена високата корупција, најмалку 20 градежни материјали немаат утврдена цена. Второ, референтната сцена се врзува со цена на злато, нафта и слични валути кои имаат рамномерен тек во глобалните ценовни движења“, рече Милошоски.

Тој повтори дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ништо од пакетот закони за коридорите. Милошоски се осврна и на причините зошто нема да гласаат за законите за коридорите.
„Прво затоа што се носат законите со злоупотреба на знаменцето на ЕУ со кое се покрива високата корупција. Второ затоа што договорот се држи во тајност. Трето, затоа што сметаме дека дел од законите се спротивни на човековите права и конкретно против одлука на Уставниот суд за работните часови“, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека за тоа дали Стево Пендаровски ќе ги потпише законите поврзани со коридорите зависи од тоа дали ќе е верен на владеење на правото или ќе преовладува неговата одлука, односно поддршка за кандидатура на претседателските избори од СДСМ и ДУИ .

„Неговата постапка ќе покаже дали ќе замижи пред почитување на човековите права или ќе замижи ако се кандидира и му ветат поддршка СДСМ и ДУИ . Ова ќе биде тест за Пендаровски. Или Устав и човекови права или претседателска кандидатура“, рече Милошоски.

По однос на кворумот за законите, Милошоски рече дека очекува дека владејачкото мнозинство ќе го има, но оти не е сигурен дали за сите закони ќе гласаат сите пратеници од владејачкото мнозинство.

„Да видиме како ќе гласаат сите пратеници како ќе гласа претседателката на ДОМ, ме интересира и како ќе гласа ВМРО-НП кои исто беа сериозен критичар, а за ВМРО ПМНЕ и Коалицијата е јасно таа е единствена“, рече Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.