Милошоски за ТВ21: Вечерва се покажа вистинското лице на власта!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва, по инцидентот во Собранието, во изјава за ТВ21 посочи дека се покажало вистинското лице на власта.

„Комисијата за европски прашања може да се каже трагично, но сепак останува комисија на дивиот запад. Не заради членовите на комисијата, персонализирано е сметам поради претседателот на оваа комисија, пратеникот Арбр Адеми, кој што си дозволи, освен тоа што го кршеше деловникот и не даде процедурално на колегите пратеници да дадат предлози за Измена и дополна на дневниот ред, почна и со вербални вулгарности, со фрлање на тврди предмети, со насилство, со кршење на дел од инвентарот и благодарение на една или две совесни пратенички не стигна до поголем инцидент или поголема повреда“, вели Милошоски.

Тој посочува дека тоа што го барале е согласно Деловникот да се расправа да имаат една точка на дневен ред за заклучоците на ЕУ од Брисел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.