Милошоски: Заев, Димитров и Османи да кажат за какви анекси се разговара со Бугарија

21

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска на протестот пред Министерството за надворешни работи ги повика премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, да се појават во Собранието и да објаснат за какви дополнителни анекси се разговара со Бугарија.

„Јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ“, вели Милошоски.

Се протестира веќе четири дена, а пратеникот рече дека од власта зависи до кога ќе траат протестите.  Се протестира под мотото „Доста е, Излези за Македонија“, против, како што наведуваат „новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.