Милошоски: Заев и недемократското собрание

Влада која бега од Собранието не е ниту демократска, ниту транспарентна, пишува на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски.

👉Денес бугарскиот дел на мешовитата историска комисија, ден пред новата онлајн средба со македонските историчари (3-4 декември), ќе реферира за сработеното и за позициите пред Комисијата за надворешна политика на бугарското Народно собрание, со цел да го покажат натпартиското единство на сите политички субјекти по однос на наметнатите историски прашања со Македонија.

📌Во меѓувреме во Македонија Никола Димитров бега од Собранието како ѓавол од темјан.
Изминативе 3️⃣ месеци и министерката за надворешни работи на Бугарија, и нејзиниот колега вицепремиер имаа 3 неколкучасовни обраќања, со дискусии, прашања и одговори пред нивните пратеници од сите политички партии. Со тоа покажуваат демократска култура и почит кон народните избраници.

📌Во меѓувреме МНР Бујар Османи бега од македонското Собрание како неспремен гимназијалец од час по математика.
🎭И на сето ова поведение Заев збори за неефикасно Собрание, што е само срамна манипулација за недемократсиот однос на владата кон парламентот. Набројува европски практики, и предлага неуставни online седници (чл.6️⃣9️⃣). А европските стандарди, и во Австрија, и во Бугарија, и во Франција, и Холандија се кратки и јасни: демократскиот капацитет на секоја влада се мери според нејзиното присуство и отчетност пред Собранието, како контролен механизам во демократските држави❗Затоа ОСТАВКА❗

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.