22 C
Skopje
петок, јули 10, 2020

Милошоски: Заев сака избори со помала излезност за да го ублажи својот пораз

68

Денес би имал две пораки да испратам, првата е дека ВМРО-ДПМНЕ е прилично задоволна од исходот на вчерашната лидерска средба кај претседателот Пендаровски затоа што начелно беше прифатен планот кој што го понудивме во 4 точки, а тоа е консултација и извештај од Комисијата за заразни болести, консултација извештај и проценка од ДИК, потоа извештај и допис од ОДИХР кога ќе можат да испратат полна набљудувачка мисија и откако ќе се исполнат овие услови на крајот да се направи една сериозна анализа за определување на нов термин за одржување на безбедни, регуларни и кредибилни избори, ова денеска во изјава за медиумите го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Втората работа која сакам да ја испратам како порака е дека за жал само господинот Заев кој што е претседател на СДСМ остана единствениот изолиран политичар кој што без разлика на потребата од сериозни анализи од здравствен и изборен аспект, лицитира со избори датуми. Но, за среќа ниеден друг претседател на политичка партија присутна на самиот настан не ги прифати неговите лицитации. Зошто господинот Заев лицитира на ваков начин со датумот за изборите можеме само да претпоставиме, една од претпоставките е дека во последно време се повеќе анонимни дојавувачи така наречени свиркачи се охрабруваа за господинот Заев како премиер и за неговите поблиски соработници да споделуваат со нас материјали кои што се основани сомненија за одредени инкриминирани дејствија. Веројатно и самиот е свесен за тој податок и сака лов во матно, односно организирање на небезбедни избори кои што би можеле да го намалат одѕивот на граѓаните, а со тоа Заев да го ублажи својот очекуван пораз, вели Милошоски.

Тој додава дека како ВМРО-ДПМНЕ сме спремни во секој момент да настапиме на избори, спремни сме да ја преземеме одговорноста, очекуваме добра победа на ниво на цела Република Македонија, а исто така очекуваме од страна на господинот Зоран Заев и господинот Оливер Спасовски откако ќе се состави ново парламентарно мнозинство да има мирна транзиција на власта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.