Милошоски: Зошто Заев контактира со адвокатката на Јанева?

Заев денес се обиде невешто да демантира, но добро е што призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева. Ова денеска го напиша Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ откако Заев рече дека лажел за притворот на јанева и порача се што кажува да му биде на чест.

– Сега е уште побитно да одговори на неколку прашања. Прво, во кое својство премиер на држава, кој не ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева? Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева? И трето, дали оваа блиска координација на адвокатката и премиерот е во улога на “консилиере” на групата за “Рекет” и кој е тука главниот?, го прашува Милошоски Заев