13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Милошоски: Димитров потпишува битен договор со украинската амбасадорка, но се крие од јавноста

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук денеска треба да потпишат меѓудржавен договор за безвизен режим.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук осврнувајќи се на најавата за средбата констатира дека невообичаено е за вакви како што вели битни договори да не се предвидени изјави за медиумите од страна на министерот и амбасадорката.

Зарем е толку незгодно да се излезе пред новинарите и јавноста? Но, доколку новинарите се малку поупорни, сигурен сум дека можат да го премислат министерот Димитров, кој само пред два дена во Лондон држеше лекција за транспарентност и слобода на медиумите!“,вели Милошоски.