Милошоски до Спасовски: Колку се безбедни претседателските кандидати?

Дали и колку се безбедни претседателските кандидати запраша претеникот на опозицискта ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на собраниската седница за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Притоа во текот на денешниот настап во Собранието, Милошоски го постави и прашањето дали претседателскиот кандидат на владејачките партии, Стево Пендаровски, пријавил тајна служба којашто наводно го следи или пријавува лица од Twitter коишто го следат.

„Ние овде можеме да говориме затоа што се случувало пред три години, пред четори или пред осум години, но многу е важно што се случува денес и дали господинот Пендаровски во својата пријава до МВР пријавува тајна служба како служба која го следи или пријавува лица од твитер коишто го следат“, посочи Милошоски.

Опозицискиот пратеник образложи дека граѓаните видоа дека само во рок од „четири и пол дена имаме четири и пол различни изјави“.

„Првата изјава на г-дин Пендаровски е дека го следи тајна служба 24 часа дневно. Потоа следува негово пријавување и тврди дека таа тајна служба е поврзана со опозицска партија, потоа дава изјава дека споменал служби но никогаш не го користел терминот тајна служба. Потоа имаме изјава од премиерот дека се работи интерес на граѓаните какво возило вози г-дин Пендаровски, за да на крајот да имаме изјава од министерот од внатрешни работи дека се работи за твитер служба“, посочи Милошоски.