Милошоски до Заев: Ако сте вие заложник на некаков договор, не ја ставајте Македонија во заложништво

Во Република Македoнија 60 дена имаме маса на народ кој што протестира и е незадоволен. Во Република Македонија имаме една многу поларизирана ситуација најмалку што треба да се направи е било како чекор надвор од Деловникот и надвор од законите, потенцираше пратеникот Антонио Милошоски на денешната Собранска седница.

-Кога господинот Заев за прв патпобара збор да се обрати тука до пратениците имавме малку надеж дека ќе каже дека ја отфрли Платформата заверена во кабинет на премиер на туѓа држава. Имавме малку надеж дека ќе упати апел до пратениците до победничката коалиција да ја дадат наивната поддршка ако има желба за власт, само со цел Република Македонија да не биде уценета и редефинирана, нагласи Милошоски.

Тој на Зоран Заев му порача доколку тој е уценет да не ја уценува цела Република Македонија.

-Ако сте вие заложник на некаков направен постизборен договор или на некој судски случаи немојте Република Македонија да ја ставате во заложништво. Влогот во оваа држава на секој политичар, посебно на претседателите на политички партии е многу голем за личните амбиции, фрустрации и несотварени цели да бидат причина и повод за дополнителни ризици, нестабилност и поделба во државата додаде Милошоски.

На крајот тој рече пратенците кога говорт во Собранието говорат во името на своите гласачи, замолчување на пратеник да го оствари своето право на говор значи замолчување на народот.