Милошоски до Заев: Дали во 2018 година свесно ја излажавте јавностa дека сме добиле датум?

Антонио Милошоски од собраниската седница го праша премиерот Заев дали за да ја каже изјавата од 2-ри јули дека Македонија добила датум за преговори некој него го излажал.

Праша дали тоа била госпоѓата Меркел или Макрон или дали неговите соработници Бујар Османи и Никола Димитров го изманипулирале дека сме добиле датум во 2018 година.

Исто така Милошоски го праша Зоран Заев дали свесно или несвесно ја излажа македонската јавност дека во 2018-та година Европскиот совет донел одлука Македонија да добие датум за преговори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.