Милошоски: Главниот нарачател во случајот „Рекет“ е дел од политичките структури на власта

Има многу имиња кои се шпекулираат во јавноста поврзани со случајот „Рекет“, но главното име на нарачателот се уште никој не го споменува. Според мене главниот нарачател кој давал насоки е дел од политичките структури дел од власта, вели пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, објави Сител Телевизија.

Милошоски најавува дека опозициската партија веројатно ќе бара анкетна комисија или надзорна расправа за состојбите во СЈО, а последниот случај е само доказ дека треба да се направи квалитетен закон за обвинителството.

–  Во текот на разговорите за законот за обвинителство, на минситерката Рената Дескоска и предложивме во парламентот да се формира анкетна Комисија за отчет на работата на СЈО, но тоа тогаш беше одбиено. Сега после овој слулчај, анкетна Комсиија или надзорна расправа би биле неопходни – изјави Милошоски.