Милошоски: Хан го демантираше Заев за безусловен датум за пеговори со ЕУ

Морам да констатирам дека изјавата на еврокомесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан е најдобар дипломатски и политички демант на изјавата дадена од премиерот Зоран Зaeв дека Македонија може да прославува за безусловен датум за преговори за полрноправно членство во ЕУ, истакна поранешниот министер за надворешни работи актуелен опозициски пратеник Антонијо Милошоски во текот на неговото гостување во емисијата на ТВ 24.

„Морам да констатирам дека изјавата на Хан е најдобар дипломатски политички демант на изјавата дадена од премиерот Заев во јуни 21018 година кога се сликаше во авион со колегите на Мухамед, Бујар Османи, Никола Димитров и Кочо Анѓушев изјавувајќи дека штотуку ја добивме радосната вест – Македонија може да прославува, добивме историска одлука, безусловен датум за преговори во јуни 2019 година“, рече Милошоски.

Истакна дека очигледно е дека датумот го нема и тоа потврдува дека или премиерот Заев лажел дека сме добиле датум за преговори а тоа не се случило или Хан лаже дека не добиваме датум но некаде е сокриен и се очекува.

Понатаму, Милошоски истакна дека она што тој го знаел од контакти со дипломати е дека во следниве денови на 8-ми или 9-ти април, министерот за надворешни работи ќе патува за Берлин токму за да ја расчисти таа дилема дали Македонија ќе добие датум за преговори после оваа изјава на Хан која што според Милошоски е примена со негативно изненадување од некои кругови на Владата што очекувале безусловен датум за преговори.