Милошоски: Лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно!

Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук реагира на информациите дека Специјалната обвинителка Катица Јанева отворила боледување.Тој тврди дека нејзиното боледување е неверодостојно!

СЈО го крие боледувањето! Но, јавноста има право да знае од каде е земено боледувањето, кој лекар го има дадено и за која болест? Специјалната обвинителка е државен функционер скапо платен со даночни пари од граѓаните и јавноста има право да знае за нејзината здравствена состојба (не мора ситници и дискретни прегледи, туку податоци за општата здравствена состојба). Исто би било, јавноста има право да знае, и во случај на ненадејно боледување на Претседател, премиер, министер, градоначалник и слично.