Милошоски: Нападот врз Јанакиески и Ристовски беше осмислен

Она што се случи во притворското одделение вчера беше смислено сценарио со цел да им се нанесе психичка, физичка и морачна штета на опозиционери, рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната комисиска расправа за имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски.

Зошто човек кој го почитувал домашниот притвор, како Јанакиески, да има потреба да влезе во ефективен притвор. За да биде понижен, малтретиран и физички истепан за од тука да почне казната за политичките неистомисленици – рече Милошоски.

Нападот врз двајцата поранешни министри на ВМРО ДПМНЕ го осуди и пратеникот Павле Богоевски, кој претседава со Комисијата. Тој побара оставка од директорот на затворот во Шутка и истрага за да утврди одговорност во затворот