Милошоски: Правната држава е подредена на политичката волја

43

Денеска се одржа Комисијата за мандатно имунитетни прашања при што се расправаше за имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ изјави дека е многу е чудно што ја сменило одлуката на обвинителството кои што истите овие четири наводи по читани смс пораки ги имало на располагање од господинот Трајко Вељаноски уште од ноември 2017 година. И во јануари 2018 година одлучило врз основа на тие смс пораки дека нема основа за обвинение. Сега врз основа на истите пораки кои што им биле на располагање една година покасно гледаме дека има основа за обвинение за тероризам.

Во изминатава година дена некој од политички побуди или можеби други побуди влијаел на обвинителството, потоа да го смени својот став. И оние материјали кои што претходно ги оцениле како несуштински и немање на основа за обвинение за тероризам денес да ги квалификуваат како обвинение за тероризам против пратеникот Трајко Вељаноски, нагласи Милошоски.

Милошоски појасни дека со овој чин се покажува дека правната држава е подредена на политичката волја која што во моментот се одликува со политички прогон врз политичките неистомисленици.

Skin Delight