Милошоски: Рашковски нема ниту реформски, но, за жал, ниту демократски капацитет

„Зошто не за влез во НАТО? Првин затоа што не не’ сакаат. Второ, економскиот проблем, Македонија е премала да трпи оптоварувања што се наметнува со акции за нашето приближување во НАТО. И трето, ако НАТО нам ни е потребен како гарант за безбедноста, не дај боже НАТО пак да ни гарантира бидејќи парите и љубовта го вртат светот, но НАТО бомбардира“, на денешната прес-конференција Антонио Милошоски ги цитираше во вторникот на прес-конференција поранешниот шеф на диплматијата и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на новиот генерален секретар на Владата на СДСМ, Драги Раштаковски.

„Ова се зборови, цитат од новиот „реформски генерален секретар“ на владата предводена од Зоран Заев. Ова се ставовите на Драги Рашковски напишани во книга објавена од Правниот факултет во врска со НАТО алијансата чиишто членови оваа влада тврди дека Македонија сака да стане“, рече Милошоски.

Предурпеди дека Владата на Република Македонија не смее да функционира според ваквите ставови на генералениот секретар како висок функционер на владата, бидејќи ваквите анти-НАТО ставови на Рашковски се штетни за евро-атлантските интеграции и иднината на земјата и за нејзиниот имиџ.

„Генералниот секретар Драги Рашковски во владата ќе работи со министерот Садула Дураку, министерката Радмила Шекеринска и министерот Хазби Лика, а во однос на нивната улога и улогата на НАТО во 2001 година генералниот секретар на Заев во споменатата книга објавил говори: ‘За терористите имаа и храна и облека. Под тезга им даваа оружје. Граѓаните на Куманово немаа вода за пиење за што не можеа да преговараат. Колебајќи се како да ги крстат на крајот решија терористите да ги викаат борци за човекови права’“, повторно Милошоски го цитираше од понеделникот новиот генерален секретар на владата на Заев.

„Толку од принципиелноста и од реформските капацитети на новиот генерален секретар и близок пријател на господинот Заев, господинот Рашковски којшто треба да биде според функцијата генерален секретар, мотор и двигател на новите законски решенија кој што се најавуваат, а со самото тоа ќе бидат и чекори во следниот евро-интеграциски процес“ додаде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека неговата партија ги оценува ваквите постапки на премиерот како несоодветни, контраверзни кои треба да бидат осудени поради ваквите ставови на генералниот секретар Рашковски. Влезот во ЕУ и во НАТО треба да останат приоритет на Република Македонија но и на сите нејзини високо рангирани функционери, посебно на генералниот секретар на владата на СДСМ, порача Милошоски.
ВМРО-ДПМНЕ, продолжи Милошоски, го реафирмира барањето до членките на НАТО и на ЕУ да се започнат што поскоро заслужените преговори за членство во ЕУ за што се доби целосната препорака во 2009 година и да се добие поканата за членство во НАТО која што Македонија ја заслужи уште во 2008-тата година, а доби потврда за истото и од меѓународниот суд на правдата во Хаг. Истовремено, напоменуваме дека единствената пречка досега беше проблемот којшто јужниот сосед го има со уставното име на Република Македонија.

„Но не сакаме натаму ваквите ставови на генералниот секретар на владата на СДСМ кој НАТО ги нарекува терористи и организација која што бомбардирала цивили да бидат проблем за имиџот на целата држава“, дополни Милошски и порача дека новата Влада треба да се огради од ставовите на Рашковски како генерален секретар и оти треба да го ограничи неговото анти-НАТО делување, барем да нема влијание во оние проекти и закони коишто ќе бидат важен дел од евро-атлантскиот интегративен процес.

„Господинот Рашковски нема ниту реформски, но за жал ниту демократски капацитет. Во последниот свој телевизиски настап новиот генерален секретар на владата Рашковски јавно ги навредуваше граѓаните на „Топ Тема“ изјавувајќи дека ‘На народот му треба добар ќотек, некој да го ишамара за да се свести каде е’. Ваков човек ваква личност, политичар или професор, а сега и генерален секретар на владата навистина треба да се запрашаме дали има човечки, политички и демократски капацитет за таква висока позиција во владата на Заев. На вакви луѓе не им е место во македонската влада и во најмала рака тоа што може да го направат е да се извинат кон народот и да се оградат од неговите ставови кои што промислено ги дал“, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски, исто така, рече дека во негвата партија сметаат дека во новата влада не би требало да има ниту место за луѓе коишто тврдеа дека
„ќе се лее крв по улиците за да падне режимот“, како што го тврдеше тоа Едмонд Адеми на социјалните мрежи, а сега е инистер во владата на Заев одговорен за македонската дијаспора.

„И затоа сметаме дека овие луѓе кои што имале ставови против НАТО, кои што имале ставови против граѓаните и кои што барале нивно шамарање или воспитување или кои што имале ставови дека треба некаков конфликт и крв по улиците да биде цената за доаѓање на власт, не би требало да се дел од ниедна Влада и од ниедна институција во Република Македонија“, заклучи Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.