Милошоски: Разговорот со Заев е дипломатски скандал, ова е брука за цела Македонија

По скандалозната снимка на која украински комичари успешно го глумaт поранешниот претседателот на Украина Петро Порошенко и неколку пати комуницирале со премиерот Зоран Заев, а тој поверувал во тоа, пратеникот Антонио Милошоски изјави дека разговорот е сериозен дипломатски скандал.

Тој на својот фејсбук профил напиша:

„Ваков потсмев немаше ни во К-15! Заев оддава (македонски, германски и американски) строго доверливи информации на руски пренк-мајстор кој телефонски му се претставува како Порошенко, претседателот на Украина, потоа го местат да поверува дека во разговара и со Столтенберг, а кажува дека е спремен да му даде и 100.000€ поткуп во кеш на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за црковното прашање!
Ова е брука за цела Македонија.
Да те изеде туѓ срам!„

Милошоски смета дека е нанесена е штета на Република Македонија, на репутацијата на надворешната политика, а нарушена е и довербата заради споделување информации.

„Димитров требал да го информира Заев како се разговара со дипломати, има протокол што го утврдува терминот за разговори и теми. Ваквото грубо кршење на протоколот е доволна причина за оставка на Заев, Димитров и Телевски. Ваков скандал досега се нема случено на ниту еден државник што се занимавал со меѓународни прашања“, изјави Милошоски.