Милошоски ѝ рече на Јанева да прочита добра книга и да го збогати речникот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска доби критики од специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, поради законот за СЈО и таа му порача да не се занесува. По ова тој и возврати со порака да прочита некоја добра книга и да си го збогати речникот.

Мојот скромен коментар би бил, со толку висока плата ќе беше полезно и за неа и за јавноста да прочита некоја добра книга за да го збогати својот вокабулар, ако веќе е касно да се поправи нискиот просек од правниот факултет, истакна Милошоски.