Милошоски: Само во Белизе премиерот е и министер за финансии и е најспомнуван за корупција

„Само во Белизе премиерот е и министер за финанансии и е најспомнуван за криминал и корупција, рече пратеникот Антонијо Милошоски од собраниската говорница. Тој потенцира дека во случај на болест или поради спреченост од друга причина, законот предвидува заменик-министерот да го заменува министерот.

„Ако Заев сака да е блиску до парите и да прави едно евро за некого едно евро за секого, треба да го разреши и заменик-министерот за финансии. Еден премиер кој самиот не знае дека не може да се предложи и за министер покажува дека е нефункционионален. Доколку утре потпишува документи од Министерството за финансии тоа ќе биде злоупотреба на службената положба“, рече Милошоски.

Премиерот Заев ги негираше обвинувањата на Милошоски и во контрареплика му порача дека веќе еднаш го победил на суд.

„Не знам од каде толку знаете за Белизе, но очигледно познато ви е од некаде“, возврати Заев.