Милвоки Бакс се новите шампиони на НБА лигата

Кошаркарите на Милвоки Бакс ноќта кон средата по 50 години ја освоија својата втора титула во НБА лигаа победувајќи ги во шестиот натпревар од финалната серија Феникс Санс со 105:98.

Јанис Адетонкубо со 50 коша, 14 скокови и 5 блокади беше најефикасниот во тимот на новите прваци и е прогласен за најкорисниот играч во НБА финалето, додека Крис Мидлтон постигна 17 поени.

За тимот на Феникс Санс, Крис Пол постигна 26 а Девин Букер 19 коша.

Во финалната серија Бакс успеаја да направат пресврт од 0-2 во победи за прваците на Западната конференција – Санс, и на крајот во својата сала ја освоија титулата со 4-2.

Милвоки Бакс последен пат беа шампион на НБА лига во 1971 година, кога ги предводеше прославениот Карим Абдул Џабар.