Милвоки и Лејкерс обезбедија следна рунда, Хјустон убедлив против Оклахома

Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс се две екипи кои стигнаа до четвртата победа во конференциското четвртфинале и веќе си обезбедија место во следната рунда на НБА плејофот.

По краткиот прекин поради бојкотот на кошаркарите, вчера програмата започна со дуелот меѓу Милвоки и Орландо, а фаворитот со постојана доминација стигна до победа од 118:104.
Адетокумбо со 28 поени и 17 асистенции повторно беше предводник на Милвоки, додека кај Орландо најефикасен беше Вучевиќ со 22 поени.

Портланд и без Лилард успеа солидно да му се спротивстави на тимот на Лејкерс, кој на крајот сепак победи со 131:122 за победа од 4:1 во серијата.

Дејвис бил најрасположен на теренот постигнувајќи дури 43 поени, а Леброн Џејмс го завршил натпреварот со 36 поени. МекКалум со 36 и Ентони со 27 поени биле најефикасни во редовите на Портланд.

Хјустон оствари убедлив триумф над Оклахома Сити со резултат 114:80 и поведе со 3:2 во серијата, а „ракетите“ го решија победникот со одличната игра во третиот период. Харден ги предводел стрелците со 31 поен, а зад него се Ковингтон со 22 и Гордон со 20 поени.