Милвоки избори мајсторка против Бруклин (ВИДЕО)

Милвоки го совлада Бруклин со 104-89 и израмни на 3-3 во меѓусебната плејоф серија во рамки на полуфиналето во Источната конференција.

Крис Мидлтон постигна личен плејоф рекорд со 38 поени, а имаше и голема помош од Јанис Адетокумпо со 30 поени и 17 скока. Бакс овој пат колку-толку го запреа Кевин Дурент за разлика од претходниот натпревар, кога постигна 49 поени, па утринава ѕвездата на Нетс постигна 32 поени и 11 скока. Џејмс Харден одигра 40 минути на паркетот и постигна 16 поени.

Мајсторката се игра во Бруклин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.