Милвоки изедначи против Бруклин на 2-2

Кошаркарите на Милвоки го совладаа Бруклин со 107-96 и израмнија на 2-2 во полуфиналната серија од плеј-офот на Источната конференција.

На Бакси им помогна и повредата на Кајри Ирвинг, а според првите проценки оваа сезона за него е завршена. Ниту Харден, кој се повреди на првиот натпревар од серијата, не беше на паркетот, па Бруклин имаше претешка мисија.

На крајот, Милвоки славеше со +11, во дуел во кој имаше максимална предност од 19 поени. Петтиот натпревар од серијата се игра на 15 јуни.

Најдобар во победничкиот тим беше Јанис Антетокумбо со 34 поени и 12 скока. Ги следеше Крис Мидлтон со 19 поени и осум асистенции. Кај Бруклин се истакна Кевин Дурант со 28 поени и 13 скока, а покрај него единствен со двоцифрен учинок беше Кајри Ирвинг, кој постигна 11 поени за 17 минути игра минати во игра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.