„Милвоки“ се избори за мајсторка во Бостон

Кошаркарите на „Милвоки Бакс“ ја искористија предноста на домашен терен и го победија „Бостон Селтикс“ со 97:86, па изедначија во серијата на 3:3 и се изборија за одлучувачки седми натпревар.

Гостите тргнаа добро, имаа водство во првата четвртина дури од плус 9, но во самиот финиш на вториот период „Милвоки“ со серија од 10:2 поведе со иста позитива за целосен пресврт. По одморот предноста на домаќинот постојано растеше, на другата страна „Селтикси“ во неколку наврати дојдоа на минус два.

На секоја посериозна закана „Бакси“ имаа одговор, благодарение на Јанис Антетокумпо со 31 поен, 14 скока и 4 асистенции, како и Малком Брогдон со 16 кошаи 6 скока. Кај „Бостон“ најефикасен беше Џејсон Тејтум со 22 поени, а подршка имаше од Тери Розие со 16 коша, 7 скока и 5 ассистенции.

„Мајсторката“ ќе се одигра во сабота во Бостон.