Минатиот месец „алфите“ со полни раце рабоита, приведени се вкупно 357 лица

Од приведените по  основ на телеграма 55 лица, потраги, гласник и наредба од Основен суд  45 лица,  под сомнение за извршено кривично дело  22, по извршено кривично дело  48 лица, на лице место во вршење на кривично дело –21 лице, за издржување на казна затвор –деветмина, за утврдување на идентитет   11 лица, за држење недозволени предмети – шест лица и тројца странски државјани со нерегулиран престој во земјава. „Алфите“ привеле 70 лица кои го нарушиле јавниот ред и мир, а 39 за за поседување опојни дроги , најчесто марихуана.

„Алфите“ фатиле и лица додека краделе, прегледале возила и ги привиле они кои немале исправни документи, а привеле и неколи странски државјани кои немале соодветна документација за престој.