Минесота славеше во Оклахома Сити

Кошаркарите на Оклахома Сити го доживеаја и вториот последователен пораз на почетокот од новата НБА сезона, откако ноќта кон понеделникот беа поразени пред својата публика од Минесота со 113:115.

Победникот го реши „тројката“ постигната од табла на Ендрју Вигинс со звукот на сирената., Вигинс со 27 поени беше најефикасен играч кај Тимберволфс покрај Карл-Ентони Тоунс, кои исто така постигна 27 поени и имаше 12 скокови.

Кај домаќините најдобар беше Расел Вестбрук со 31 кош и 10 асистенции, додека Кармело Ентони додаде 23 поени, од кои„тројката“ за водството на Оклахома о 113:112 пшест секунди пред крајот на натпреварот.

И Лос Анџелес Лејкерс беа поразени на својот паркет од Њу Орлеанс со 112:119, што е првата победа на Пеликанс во новата сезона. До неа ги водеше Ентони Дејвис со 27 поени и 17 скокови, и најдобриот играч на дуелот Демаркус Кузинс со 22 коша, 11 скокови, 8 асистенции и 3 блокади. Најдобар кај Лекјерс бепе Џордан Кларксон со 24 поени, додека по 20 кошови постигна Кантавиус Клодвел-Поуп и Кајл Кузм.

Единствената домашна победа во синоќешните натпревари ја оствари Бруклин кој со 116:104 ја надигра Атланта,. Ален Кејб со 20 поени беше најефикасниот играч кај Нетс , но решавачките поени ги во последните две минути од дуелот ги постигна Д’Анџело расел кој заврши со 16 кошови, 10 асистенции и 7 скокови.

Кај Атланта Марко Бинели постигна 19 поени, а Денис Шредер 17 со 8 асистенции, но германскиот репрезентативец го повреди зглобот на ногата при крајот на мечот. Засега не е познато колку е тешка неговата повреда, но во најдобар случај Шредер неколку седмици ќе отсуствува од терените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.