Мини торнадо во Ваљево, силно невреме во Шабац

Мини торнадо го погоди српско Ваљево. Силно невреме со појава на град имало и  во Шабац и во поедини села.

Силниот ветар оштетил неколку покриви на куќи.

Во Ваљево после разбивањето на облаците, градските улици биле поплавени, а на некои од нив, сообраќајот бил во застој. Колубара и нејзините притоки засега не се заканува од излевање

Нешто после 16 часот јак ветар пропратен со дожд срушил топола кај железничкиот мост во Шабац. Дрвото  оштетило дел од кровот на капелата Света Петка, а поголема штета спречила бетонската конструкција, јавуваат српски медиуми.

Разбиени се гредите, плочки и е оштетен дел од оградата. Работниците на градско зеленило брзо реагирале, го исекле и  поместиле дрвото. Ветерот оштетил и неколку млади садници во центарот на градот