Минибус усмрти маж на музички фестивал во Холандија

На најголемиот музички фестивал во Холандија во понеделникот рано утрото минимус налетал на четори лица, усмртувајќи еден маж, додека другите се повредени, по што возачот побегнал, објави локалната полиција.

Инцидентот се случи до крајот Пинкпоп, тродневниот фестивал во Ландграаф на југот од земјата околу 4 часот утрото. Полицијата се уште не знае дали возачот, кој подоцна ѝ се предал, се залетал во луѓето намерно или тоа се случило ненамерно.

Обвинителката Даниел Вејмар изјавила за медиумите дека осомничениот, 34-годишниот Холанѓанец од Хеерлен, град недалеку од местото на одржувањето на концертот, сам ѝ се пријавил на полицијата и оти е приведен во притвор во Амстердам.

Настраданите, тројца мажи и една жена, по потекло од Хеерлен и од соседниот Ландграаф. Загинал 35-годишен маж од Хеерлен. Инцидентот се случил на патот на кој се излегува од теренот на кој со одрржуваа концертите.

„Истрагата е во тек и не можеме да кажеме дали ова било намерно или несреќа“, изјави портпаролот на полицијата Хуб Хаенен.

Фестивалот Пинкпоп се одржува во Ландграаф, гратче недалеку од германската и белгиската граница. Распродадениот тридневен фестивал беше домаќин на Pearl Jam, Foo Fighters и други музичари, а го затвори Бруно Марс.