Минимален пораз за македонските ракометари на вториот тест-дуел со Црна Гора

Македонската ракометна репрезентација попладнево загуби од Црна Гора со 31:30.

Ова е втор меѓусебен тест дуел на двете репрезентации во Маврово. Вчера избраниците на селекторот Кирил Лазаров забележаа победа.

Двата натпревара против Црна Гора, како и претстојните против Хрватска и Израел на почетокот на јануари се во рамките на подготовките за настапот на македонскиот национален тим на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.