Минимална победа на Брајтон над Вест Хем

Во премиерниот натпревар од англиската фудбалска Премиер лига во петокот вечерта Брајтон енд Хоув Албион на свој терен го совлада со 1:0 (0:0) Вест Хем Јунајтед

Голот кој донесе три бода го постигна Глен Мареј во 25 минута. Брајтон со победата скокна на 12-то место со осум бодови, додека Вест Хем останува на 15-то место со седум бодови. На чело на табелата е актулениот шампион Манчестер Сити со 19 бодови колку што има и Ливерпул. Трет е Челзи со 17 бодови, а уште два лондонски клуба, Тотенхем и Арсенал, со по 15 бодови се во првите пет позиции.

Во сабота ќе играат Барнли – Хадерсфилд, Кристал Палас – Вулверхемптон, Вотфорд – Борнмут, Лестер – Евертон, Тотенхем – Кардиф и Манчестер Јунајтед – Њукасл. Во недела, пак, се среќаваат Фулам – Арсенал, Саутемптон – Челзи а за самиот врв на табелата директно ќе се соочат Ливерпул и Манчестер Сити.