Минимална победа на Ливерпул во меч со многу шанси против Вест Хем

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул славеше со минимални 1-0 против Вест Хем во рамки на 28.коло во Премиерлигата.

Садио Мане беше единствениот стрелец во 27.минута од натпреварот со што им донесе на „црвените“ од Енфилд  исклучително важни бодови во битката за првото место.

Сити останува лидер со 66 бодови, три повеќе од Ливерпул. „Граѓаните“ имаат натпревар повеќе одиграно од Ливерпул, а утре се среќаваат со Манчестер јунајтед во градското дерби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.