Минимална победа на Швеѓаните против Јужна Кореја

Фудбалерите на Шведска победија со 1:0 во мечот со Јужна Кореја, што е прва победа на Швеѓаните на отворање на мундијалите по 60 години, односно по Светското првенство во Шведска во 1958 година.

Во тврд и не многу атрактивен натпревар Швеѓаните дадоа гол од пенал во 63 минута. Клаесон беше соборен во шеснаесетникот од Ли, по што судијата побара ВАР технологија за да се прегледаат снимките.

По прегледување на снимките беше досуедена најстрога казна која ја реализираше Андреас Гранквист, на кого ова му е еден од најваќните моменти во долгата кариера.
Скандинавците до крајот одиграа рутински, но Корејците сериозно се заканија во судиското продолжение, но не успеаја да ја погодат мрежата на Швеѓаните.

По првото коло Мексико и Шведска се први со по три бода, а Германија и Јужна Кореја се без бодови.