Синдикатот на приватниот, административниот и јавниот сектор се приклучи кон Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија. Првиот човек на КСОМ, Марјан Ристески посочи дека ќе поднесат барање до идната Влада да го одобри законот за работни односи за јавниот и приватниот сектор, минималната плата да биде повисока или иста како во земјите од регионот.
Потпретседателот на Синдикалната организација на ЈСП Скопје, Меџит Идризи, вели дека во оваа претпријатие има недостиг на работници поради тоа што тие заминуваат од земјата.
„Имаме возачи кои заминаа за Германија пред 3-4 дена поради ниската плата. Ние се обединивме со овие претседатели и се обидуваме работниците да не заминат од државата“, вели Меџит Идризи.
Прашан дали ќе ги поддржат протестите на ССМ на 8 април за здравствените работници, кои работат со договори на дело, Ристевски рече дека тие секогаш ги поддржуваат, но додаде дека не добиле покана од ССМ.