Најниската плата во земјава од март в година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од онаа во 2017 година, информираше министерот за економија Крешник Бектеши.
Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во 2012 година, кога беше донесен Закон за минимална плата, таа изнесуваше 8.050 денари, што значи дека за 14 години, односно до март 2024 година, растот би бил 14.450 денари.
Според Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на минималната синдикална кошница за септември 2023 година изнесува 48.379 денари.
Од таа сума за исхрана и пијалоци се одвоени 20.445 денари, за домување 13.724 денари, за хигиена 3.216 денари, за превоз 3.727 денари, за облека и обувки 2.325 денари, за култура 1.067 денари и за одржување на здравје 832 денари.