Министерката за образование, Мила Царовска, денес имаше густа агенда. Во рамките на разговорите за реформа на образовниот процес во земјата, таа најпрво се сретна со претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура во земјата, Јаким Неделков, како и со други претставници на синдикатот.
Царовска потоа се состана со претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, Петре Шилегов, како и со други претставници, од каде доби поддршка за реформа на образовниот процес на локално ниво. Но, она што се истакна при презентацијата на министерот, е шалот на луксузната марка „гучи“, објави Алсат.
По кратко пребарување на Интернет, може да се заклучи дека овој модел што денеска го носеше министерката Царовска чини од 260 до 300 евра.
Според ДКСК, Царовска пред стапувањето на функција, во 2020 година има пријавено имот вреден 2.683.742 евра. Сепак, имајќи предвид дека во нашата земја има многу фалсификувани производи на луксузни брендови и црниот пазар работи слободно, можно е и оваа марама да е копија од оригиналот.