Министерката Шекеринска со честитка до црногорскиот министер за одбрана Бошковиќ

„Ви го честитам полноправното членство во НАТО-Алијансата. Вашиот успех е наш заеднички успех и успех на целиот Регион. Како заеднички членки на Јадранската повелба очекувам целосна и безрезервна поддршка од Црна Гора, во процесот на евроатлантската интеграција на Република Македонија, која останува силно посветена на оваа стратешка определба”, истакнува министерката за одбрана Радмила Шекеринска во честитката до својот црногорски колега, Предраг Бошковиќ, по повод стапувањето на Црна Гора во НАТО.

Министерката во писмото изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу двете земји кои се развиваат во духот на воспоставеното пријателство, со интенција истото да се развива на секое поле од заемен интерес.

Претходно, министерот Бошковиќ испрати честитка по повод именувањето на министерката Шекеринска на позицијата Министер за одбрана. „Имајќи предвид дека целиот регион, па и цела Европа се соочува со нови безбедносни предизвици, сметам дека добрососедската соработка е предуслов за стабилен и просперитетен регион”, посочува министерот Бошковиќ и додава дека е уверен дека со заеднички напори ќе се придонесе кон сочувувањето на мирот и стабилноста во регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.