Министерката за здравство Ањес Бузан ќе ги брани боите на партијата на Емануел Макрон на општинските избори во Париз

Министерката за здравство Ањес Бузан ќе ја предводи листата на Републиката во движење (партијата на Емануел Макрон) на општинските избори во Париз, откако Бенжаман Гриво ја повлече својата кандидатура по скандалот со видео пораките со сексуална содржина, јавува дописникот на МИА.

Смената на врвот се случува само еден месец пред изборите. Министерката за здравство и солидарност Ањес Бузан прифати да биде кандидат за градоначалник на Париз. Таа ќе ја има тешката одговорност да го наследи Бенжаман Гриво, поранешен порт-парол на владата и близок на Емануел Макрон. Истовремено Бузан, најави оставка од членството во владата, каде веднаш е заменета од Оливие Веран, исто така лекар по професија.

Партијата Макрон во Париз не е фаворит, дисидентот Седрик Вилани од Републиката во движење, се упте е во тргката за градоначалничката позиција, но пред нив се актуелната градоначалничка на Париз Ан Идалго, како и кандидатката на Републиканците Рашида Дати. За претседателското мнозинство по секс-скандалот на Гриво, Ањес Бузан беше единственото „кредибилно решение“. Но исто така некои членови на движењето, кои остануваат анонимни сметаат дека „таа има храброст, но нема политичко искуство“, во тоа е и ризикот за неа.

При секое излегување на теренот таа сигурно дека ќе се соочи со „незадоволството“ на болничкиот персонал, односно еден месец пред општинските избори, тие можат да се претворат во „национални“ еден вид на изјаснување во однос на политиката на владата на Емануел Макрон, која не е многу популарна.

Криричарите на кандидатурата на Бузан, се осврнуваат на нејзиното заминување од владата во мометот кога има здравствена криза со коронавирусот и со незадоволството на болничкиот персонал. Но нејзиното влегување во кампањата во парискиот пејсаж сигурно повторно ќе ги подели картите. Реакциите го потврдуваат тоа.

-Напуштањето на функцијата (министер) покажува дека интересот на Репубиката во движење е пред тој на нацијата, тоа е тешка политичка грешка, изјави првиот помошник на Ан Идалго.

-Кампањата заслужува да се направи од Париз избор кој не ниту наметнат, ниту присилен реагираше директораката на кампањата на Рашида Дати.

Макронистите се надеваат дека оваа промена на врвот на листата ќе доведе до враќање на математичарот и дисидентски кандидат Седрик Вилани.

-Бузан, е нешто убаво на фотографијата, но не е сигурно дека е попозитивно во подолг период. Ние продолжуваме докрајм изјавија од опкружувањето на Вилани.

Партијата на Емануел Макрон , како најмлада политичка формација во Франција има многу малку свои листи на претстојните општински избори, и таму каде ги има тие не се во поволна состојба со оглед на актуелната политичка ситуација во земјата. Затоа и одлуката на претседателското мнозинство, во случај да министрите кандидати за градоначалници, ако се поразени ќе останат во владата.