8.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Министерот Чулев оствари средба со италијанскиот амбасадор

Mинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев оствари средба со амбасадорот на Италија во  Република Македонија  Н.Е Карло Ромео.

На средбата, амбасадорот Ромео беше запознаен со заложбите на министерството за внатрешни работи за организирање фер и демократски избори, како и мерките кои се преземаат за превенција од нарушување на изборниот процес.

Министерот Чулев се заблагодари за поддршката што министерството за внатрешни работи континуирано ја добива во форма на обуки, проекти и ресурси од Италија.

Двете страни заеднички ја потврдија заложбата за зацврстување на меѓусебна соработка во иднина.