Министерот Цветков на Конференцијата ФАО во Рим

76

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков ќе учествува на 39-тата Конференција на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО во Рим.

На Конференцијата, која се одржува од денеска до 13 јуни, ќе се избира генерален директор за наредниот четиригодишен период, а ќе учествуваат претставници од земјите членки на ОН.

Во фокусот на интерес ќе бидат разговорите за постигнување на милениумските развојни цели за искоренување на сиромаштијата и обезбедување доволно храна за растечката популација во светот.

Учесниците на Конференцијата ќе ги усвојат извешаите и препораките за спроведување на програмата на ФАО до 2017 година, а истовремено, ќе се разгледуваат и препораките од извештаите на Светската здравствена организација од аспект на безбедност на храна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.