Министерот Димовски во посета на поплавените површини во општина Чешиново Облешево

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, зедно со градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Костадин Личков извршија увид на поплавените површини од Злетовска Река. Поради обилните врнежи дожд и надојдените води од топењето на снегот од Осоговијата, во текот на вчерашниот ден Злетовска Река се излеа од коритото низводно во атарите на селата Жиѓанци, Новоселани и Лепопелци во општината Чешиново-Облешево. Причината за излевањето е неисчистеното речно корито кое е стеснето на две места.

Министерот Димовски истакна дека штетата може да се санира со една машина гасеничар, за повеќе да нема проблеми. Машината веќе е на терен и се работи на расчистување на коритото, од што и самите земјоделци се задоволни.
Министерството за земјоделство будно ја следи ситуацијата, но доколку продолжат врнежите реката може уште повеќе да се излие и да ги натлачи (покрие со мил) оризовите површини.

Во моментот нема големи штети. На местото каде што е реката излеана површините не се засеани (тоа се државни површини под концесија). Станува збор за штети на површина од околу 2 ха, а на поплавеното поле од околу 30 ха кое што е посеано со ориз нема штета затоа што не е натлачено.

2Министерот Димовски исто така додаде дека во најбрз можен рок мора да се исчисти коритото на Злетовска Река од дрвна маса од село Лепопелци до влевање во Брегалница во должина од 6 км за што е ќе се побара согласност од Министерството за животна средина.

Исто така додаде министерот Димовски мора да се исчисти стеснетото речно корито на Злетовска Река, кое доколку не се исчисти коритото загрозени се населените места Новоселани, Зиганци и Уларци и земјоделска површина од 100 ха. Временската прогноза од УХМР за петок предвидува послаби врнези, а за сабота и недела обилен и пороен дожд. Ова е лошо.

Затоа од ХС Злетовица е побарано воопшто да не се испушта вода од акумулацијата иако во моментот акумулацијата прелива.