Возачот бил виновен што се паркирал на строго забранет простор на кејот во центарот на Скопје. Министерот Фатмир Битиќи ја префрли одговорноста за непрописно паркирање кај човекот кој го вози службениот автомобил. Возачот што го чекал министерот за економија ќе биде соодветно санкциониран, вели Битиќи за ТВ24.
Веста утрото ја објави Сакам да кажам, кои го регистрираа настанот и со фотграфиии.. инаку ова не е прв ваков настан во кој владини возила го узурпирале кејот.
На 23 септември годинава, покрај Вардар беше паркиран и службениот пасат на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој тогаш заработи казна од инспекторите на Град Скопје во висина од 50 евра за недозволено паркирање на пешачка патека.
На шеталиштето покрај кејот не е дозволено движење на возила, освен за достава.
Градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје Саша Богдановиќ и Петре Шилегов постојано апелираат граѓаните да бидат совесни, и строго да се држат до забраната за паркирање на тој простор.