Министерот Филипче ја вакцинираше внуката

Министерот за здравство, Венко Филипче, на Фејсбук објави фотографија како ја вакцинираат неговата внука.

„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче.