10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Министерот Филипче на нова средба со приватните болници

Министерот за здравство денеска на нов состанок со приватните болници за да се утврди нивното вклучување во лекувањето на ковид пациентите.

Се уште немало средба помеѓу министерот за здравство со сопственците на приватните болници, по најавата од министерството за здравство дека денеска треба да се состанат и да прецизираат како приватните болници ќе помагаат на јавното здравство. Од министерството за здравство велат дека средбата ќе биде подоцна во текот на денешниот ден.

По прогласувањето на кризната состојба, државата побара од приватните болници да помогнат со ковид кризата. Во ваква состојба на приватните болници ќе им се наплатува од страна на фондот за здравство сума која им се дава на болниците од јавно здравство.

Јавното здравство ги брои слободните места. Најтешко е на интензвните одделенија, каде е борба за слободен кревет, само во „8 Септември“ и на инфективната клиника има ципап маски и респиратори што во моментов стануваат најпотребни за тешките пациенти. Најмладиот пациент на ципап кислородна маска има само 20 година, и е пациент на интнензивното одделение во болницата „8 септември“, и е во тешка состојба.

Пред тријажниот центар и денеска имаше голем број пациенти кои со симптоми и со потешкотии дошле на контрола. Во оваа болница има сместено со 108 пациетни со ковид 19. На инфективната клиника роднините со полни ќеси преку прозорците или преку вработените им носат вода, облека на нивните блиски кои се во болница.

Во Скопје 474 пациенти се сместени во ковид центрите, девет пациенти заминале на домашно лекување. Докторите за канал 5 објаснуваат дека лекувањето трае долго на интезвните одделенија. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20.