Министерот Маричиќ не знае колку затвори има во Македонија

Министерот за правда Бојан Маричиќ не знае колку затвори има во Република Македонија, а ниту пак колку лица се лишени од слобода.

Во вечерашната дебата во емисијата Анализа на телевизија 24, претседателот на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски, го праша министерот за правда Бојан Маричиќ дали знае колку затвори има во Македонија.

-Господине Маричиќ знаете ли колку затвори има во Македонија, праша Менкиноски.

На ова Маричиќ одговори само со доволно.

-Доволно за да ги смести сите криминалци, вели Маричиќ.

Менкиноски инсистираше Маричиќ јавно да одговори колку затвори има во Македонија, но Маричиќ се бранеше дека тоа е работа на Управата за извршување на санкции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.