Министерот за полиција се поднови со БМВ

Жител на Куманово испрати фотографијата до редакцијата на НетПрес со тврдење дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска допатувал со ново службено возило од марката БМВ.
Возилото не е купено туку е добиено од Агенцијата за одземен имот, а министерот денеска е службено на прославата на денот на градот, тврдат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.