Министерство за култура: Манчевски пласира дезинформации

132

Во врска со прес-конференцијата на Дамјан Манчевски од СДСМ, од Министерството за култура информираат  дека фирмата „Секјурити груп сервиси“ (СГС) која е задолжена за обезбедување, мониторинг и противпожарна заштита на објектот „Порта Македонија“ и Музејот на македонската борба е избрана во најтранспарентна постапка, на јавен повик како најповолен понудувач на електронска аукција, во согласност со Законот за јавни набавки.

„Не е коректно, ниту професионално, господинот Манчевски да се служи со пласирање на дезинформации со кои се нарушува угледот на одредени фирми кои на транспарентен начин биле избрани, согласно сите важечки прописи во Република Македонија“, се потенцира во реакцијата на Министерството за култура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.